еМагазин
Image default
Македонија

По два месеци продолжува судењето за „Титаник 3”

По речиси два месеци од последното рочиште за „Титаник 3”, денеска во Кривичниот суд Скопје ќе продолжи судењето за изборните нерегуларности во Чаир, на локалните избори во 2013 година.

Обвинети во овој случај, инициран од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), се актуелниот пратеник на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури.

Последното рочиште за овој предмет што беше закажано на 4 декември минатата година беше одложено, бидејќи не беше обезбеден сведокот што има пријавено живеалиште во Германија.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше почната од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка.

Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Навреди од бугарскиот европратеник Јорданов среде македонското Собрание, пратениците го „исвиркаа„

Редакција

Припадник на МВР во службено возило е загинатиот во железничката несреќа

Редакција

Расте интересот за вакцинација, досега барем една доза вакцина примиле 74.076 граѓани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница