еМагазин
Image default
Свет

По два инциденти, побарана итна инспекција на авионите на Боинг

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) нареди итни инспекција на авионите Боинг 777 откако во саботата делови од моторот на еден од тие авиони паднаа во близина на станбени згради во Колорадо, напиша на Твитер, директорот на ФАА, Стив Диксон.

Тој додаде дека ќе се врши контрола на моторите „Прат и Витни ПВ4000“ (Pratt & Whitney PW4000), како и дека на авионите Боинг 777 им е забрането да летаат.

Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што Боинг 777-200 беше принуден да се врати на аеродромот, бидејќи по полетувањето се запалил десниот мотор.

Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипаж, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.

Локалната полиција објави фотографии на Твитер од делови што паднале покрај куќа, 40 километри северно од центарот на Денвер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската банка Сбербанк го напушта европскиот пазар

Редакција

(Фото) Мерцедес автобуси за дигитална ковид вакцинација

Редакција

Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница