еМагазин
Image default
Македонија

По еден новозаболен со Ковид-19 во Прилеп и во долненско Црнилиште, каде почина и 72-годишна жена

Еден новозаболен во Прилеп и еден од селото Црнилиште, општина Долнени, се денеска регистрираните нови случаи заразени од корона вирусот, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје

Како последица на коронавирусот, почина 72 годишна жена, жител на Црнилиште, општина Долнени.

Од заразната болест оздравеле четири лица.

Сега, во Прилеп има 23 активни случаи, од кои 18 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани три лица позитивни на коронавирусот. На четири лица, сомнителни на Ковид-19 земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во Прилеп моментно во самоизолација се наоѓаат 54 лица.

Секодјневно се зголемува бројот на изречените прекршочни пријави за граѓаните кои не носат заштитни маски. Вчера на 30 граѓани им се изречени прекршочни пријави.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Липково 22 новозаболени од Ковид-19

Секој ден се повеќе се пополнуваат болничките капацитети со болни од корона вирусот

Починаа пет нови лица од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 169

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов за договорот од Преспа: Од нас зависи дали на идните генерации ќе им оставиме цензурирана и фалсификувана историја

Редакција

МАНУ си го смисли новото име

Редакција

Писателот Павловски: Бугарскиот претседател покажа каков е квалитетот на договорите што ги прави Заев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница