еМагазин
Image default
ЖИВОТ

По кусо боледување во Скопје почина Љубица Рубен – Буба

По кусо боледување во Скопје почина Љубица Рубен – Буба.

Родена е во Битола, а животниот пат го продолжи во Скопје, каде што дипломираше на Правниот факултет.

Таа беше основач на правната компанија Менс Легис по повеќегодишната адвокатска практика.

Активно работеше на подобрување на бизнис климата во Македонија и регионот преку учество во голем број проекти.

Членуваше во работни групи за измена на закони, воедно беше и предавач, едукатор, организатор на семинари, автор на многу текстови во стручни списанија од областа на правото и експерт во областа на заштита на права од индустриска сопственост.

Погребот ќе биде на градските гробишта Бутел во Скопје в среда (18 август) во 11 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во 10 часот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Појадок што не се прескокнува – Гранола без додаден шеќер од Виталиа

Редакција

Проф. Трајковски: Смртноста од Ковид-19 е многу висока, 4%, граѓаните да се заштитат со бустер доза

Редакција

Ексклузивни фотографии од свадбата на пратеникот и потпреседател на СДСМ, Мухамед Зекири

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница