еМагазин
Image default
Македонија

По лапсусот се огласи Димче Арсовски: „Посакувам да живее Зоран Заев за да одговара за велепредавство“

Да точно е, му посакав да живее на Зоран Заев и уште му посакувам, ама да живее одговарајќи за цел криминал и велепредавство на македонскиот народ во затвор. 101 година му посакувам да живее така.

За мене поважно е да го гледам жив во затвор, отколку да биде заборавен, напиша на својот Фејсбук-профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски откако вчера на протест извика: „Да живее Зоран Заев“.

„П.С. Грешки во говори се прават, ама не смее да се направи уште една грешка како Заев што стана премиер.

И мислам дека помалку опасно е да утнеш говор и направиш лапсус, отколку да утнеш владеење и направиш велепредавство.

П.П.С. Сеирот на моја сметка, денес јас честам исто како и за кошулата“, напиша Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Лапсус или умор: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на протест извика „Да живее Зоран Заев“

Фото:Фејсбук/Арсовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум нови случаи со Ковид-19 во Куманово, два во Липково

Редакција

Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат

Редакција

41 прекршување на полицискиот час, 401 казни за неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница