еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

По неколку години пауза, Саемот на мебел ќе се одржи од 29 март до 2 април

Саемот на мебел повторно се враќа кај нас и ќе се одржи од 29. март до 2. април во Комплекс „Борис Трајковски“, Скопје.

Оваа саемска манифестација, која по паузата на одржување во пандемијата, го одбележува 45-тиот јубилеј на одржување. Повеќе од 40 изложувачи ќе ја изложат својата програма вклучувајќи ги сите категории на опремување на ентериер.

Публиката со нетрпение ја очекува оваа понуда бидејќи се работи за избор на мебел од голем број домашни производители, интернационални брендови со специјални саемски понуди и попусти.

Она што е најинтересно за посетителите е дека на едно место ќе може да се најде понуда која одговара за секој буџет и вкус. Понудата вклучува гарнитури, фотелји, спални и детски соби, кујни, купатила, вградени плакари, осветлување, декоративни подлоги и се што е потребно за уредување на домот.

Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе пуштени во продажба преку платформите на: karti.com.mk и mktickets.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 530 случаи на Ковид-19 од 1.999 тестирања

Редакција

(Видео) Бугарскиот пратеник Костадинов и од Скопје порача дека Македонија е втора бугарска држава

Редакција

(Видео+фото) Му извадија секс афера на Петков: Објавено видео на кое наводно ја допира по задникот шефицата на неговиот кабинет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница