еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

По повод двата јубилеја 35 години Поетска ноќ во Велестово и 20 години Арт Поинт – Гумно, потпишан меморандум за соработка

Неделата, на 13 август, во амбиентот на Арт Поинт ‒ Гумно во с. Слоештица, демирхисарско, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Поетска ноќ во Велестово и Арт Поинт – Гумно, претставувани од Славе Ѓорѓо Димоски и Ирена Андреевска.

Поводот за официјализирање на досега неформалната соработка помеѓу двете оргaнизаации беа двата големи јубилеја: 35 години Поетска ноќ во Велестово и 20 години Арт Поинт – Гумно.

Тие се согласија дека ќе продолжат да соработуваат на проекти за развој на културата, уметноста и книжевноста во руралните средини, како и дека ќе бидат поддршка за младите и за ранливите категории граѓани.

Во име на овој свечен чин се одржа и камерно поетско читање на кое учествуваа поети од Македонија, Хрватска, Грција и од Чешка. На настанот присуствуваа и фотографите од Либеречката школа за фотографија, коишто се на резиденцијален престој во Слоештица.

Славењето на 35. издание на Поетска ноќ во Велестово, започна саботата, на 12 август, со откривање на скулптурата „Раката на поетот“ од Никола Пијанманов, на сретсело во Велестово и со интернационално поетско читање „Прелудиум“ на кое во кафе и бар „Шила“ во Охрид настапија осуммина поети од Македонија, Хрватска, Грција, Италија и од Фарските Острови.

Официјалното отворање на фестивалот ќе се случи в петок, во Велестово, од 21 часот, а програмата ќе опфати настани и на 19 и на 20 август и ќе настапат уште дваесетина учесници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија четири златни медали и една специјална награда на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција

Редакција

Асоцијација на архитекти: Училиштето „Киро Глигоров“ е доказ дека само со организирање на јавен архитектонски конкурс може да се добие квалитетна архитектура

Редакција

Виталиа ја најавува втората Детска Трка 2024 – Спортска забава и здрави навики за најмладите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница