еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

По Словачка и Унгарија и Бугарија и Чешка бараат изземање од ембаргото за руската нафта

Листата на земји членки на ЕУ, кои ќе побараат изземање од емабаргото за руската нафта се шири, а по Унгарија и Словачка, истото го побараа и Бугарија и Чешка, а како што објавија неофицијално хрватските медиуми, тоа ќе го побара и Хрватска.

Чешка привремено ќе побара ослободување од европското ембарго за увоз на руска нафта за да добие време за зголемување на капацитетот на нафтоводот, изјави премиерот Петр Фиала.

„Подготвени сме да ја поддржиме оваа одлука (за санкциите што вклучуваат нафта), но Чешка да го добие потребното одложување за да ги зголеми капацитетите со кои нафтата може да се испорачува во Чешка“, рече Фиала.

„Се обидуваме да добиеме одложување за две или три години“, додаде тој.

И Бугарија соопшти дека очекува да биде изземена од ембаргото на ЕУ за руската нафта, бидејќи е зависна од неа.

Единствената нафтена рафинерија во Бугарија во близина на црноморското пристаниште Бургас е во сопственост на рускиот нафтен гигант Лукоил и е главен снабдувач со гориво во земјата.

„Бугарија, технолошки, може без руска сурова нафта, но тоа значително ќе ги зголеми цените на горивата. Во случај Европската комисија да направи исклучок, ние би сакале да го искористиме тоа“, изјави вицепремиерот Асен Василев.

Претходно Европската комисија презентира предлог за нови санкции против Русија, кои вклучуваат забрана за увоз на сурова нафта од Русија во рок од шест месеци и нафтени деривати до крајот на оваа година.

Земјите членки на ЕУ засега не постигнаа договор, а преговорите продолжаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите членки на ЕУ не се едногласни за ембарго на руската нафта

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова јавна кавга меѓу Пендаровски и Мицкоски

Редакција

Следува период на променливо време со сончеви периоди и пораст на дневните температури

Редакција

Нова реалност: Нема да има странски навивачи на Олимписките игри во Токио

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница