еМагазин
Image default
Свет

По Велика Британија и во Јужна Африка откриена нова верзија на коронавирусот

Во Јужна Африка е идентификувана нова верзија на коронавирусот што предизвикува втор бран на инфекцијата, изјави денеска јужноафриканскиот министер за здравство, Звели Мхизе, и тоа само неколку дена откако Велика Британија соопшти дека пронашла нов подвид на Ковид-19.

„Го свикавме овој состанок за да објавиме дека нашите генетичари идентификуваа нова варијанта на вирусот САРС-КОВ-2, што во моментов ја нарекуваме варијанта 501.V2“, напиша на Твитер министерот за здравство.

Британските медиуми пренесуваат дека, според него, собрани се доволно докази што силно сугерираат дека овој вид го предизвикува вториот бран од пандемијата во неговата земја.

Во Јужна Африка досега се пријавени над 900.000 инфекции со Kовид-19 и 24.000 смртни случаи.

Во последните неколку дена во земјата има по околу 10.000 нови инфекции дневно, во споредба со околу 1.200 на почетокот на ноември.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е во постојан контакт со јужноафриканските експерти кои ја идентификуваа оваа нова варијанта на коронавирусот.

СЗО додава дека досега нема индиции дека имало промена во однесувањето на новиот вид на вирусот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јапонските цреши процветаа во март, најрано во последните 70 години

Редакција

(Вознемирувачко видео) Шокантни снимки од Чиле: Војската пука во демонстранти

Редакција

Израел бара за 24 часа од северниот во јужниот дел на Газа да се евакуираат 1,1 милион Палестинци, соопштија од ОН

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница