еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

Победниците на Евровизија доброволно ќе се тестираат за дрога

Откако наводното конзумирање на дрога во бекстејџот од страна на Дамијан Дејви, пејачот на италијанската група „Манескин“, која победи на овогодинешново издание на Евровизија, предизвика лавина од реакции, од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопштија дека тој доброволно ќе направи тест за присуство на дрога по враќањето во Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Дали победникот на Евровизија шмркаше кокаин во бекстејџ: „Манескин“ велат дека се подготвени да се тестират

Од групата се огласија на социјалните мрежи, со тврдење дека не користат дроги и дека се подготвени да бидат тестирани, а Дејви на прес-конференцијата по прогласувањето на победникот рече дека собирал стакло од чаша, која се скршила покрај неговите нозе.

Од групата се понудиле да бидаат тестирани веднаш, но од ЕБУ посочија дека не можело тоа технички да се организира.

„ЕБУ може да потврди дека има парчиња од скршено стакло под масата. Ние и понатаму внимателно ја прегледуваме снимката и ќе излеземе со нови информации“, стои во соопштението на ЕБУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Евровизија: И жирито и публиката од Македонија со 12 поени за Србија

“30 евра од Вучиќ за сите Македонци што гласаа за Србија“: Твитер реакции за Евровизија

Васил Гарванлиев бил претпоследен на првата полуфинална вечер на Евровизија

Фото: Eurovision Song Contest

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Џоинт дан’ требит? Автобуска Охрид 2021„: Твитер реакции за најавата на Заев за легализација на марихуаната

Редакција

Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, велат од Кабинетот на Давкова

Редакција

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Општина Виница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница