еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Почеток на преговорите со Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, вели еврокомесарот за проширување Вархеји

Почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји по состанокот на Советот за општи работи во Луксембург.

-Во врска со ситуацијата со Албанија и Македонија, во текот на изминатите месеци, направено е многу и постигнат е значителен напредок. Ние сме во крајна фаза и ќе продолжиме да работиме со словенечкото претседателство на ЕУ да го заклучиме процесот, а тоа е да ги отвориме првите меѓувладини конференции (со Македонија и Албанија) како приоритетно прашање, напиша Вархеји на Твитер.

И покрај охрабрувачките тонови и обидите да се убеди Бугарија да го тргне непринципиелното вето за Северна Македонија, Скопје и Тирана на Министерскиот совет во Луксембург повторно останаа пред вратите на ЕУ без можност да ги започнат преговорите за кои ги исполнија сите услови.

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Македонија на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија останува во децениската чекална, извиси и Албанија: ЕУ се надева на преговори што поскоро

Ако не можеме да ги отвориме вратите заради македонскиот јазик, во ред, нема да ги отвориме, вели Димитров

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 32 случаи на Ковид-19 од 665 тестови

Редакција

Осум Македонци на листата Топ 100 најбогати луѓе во регионот за 2024 година

Редакција

На „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра, на терен се уште во фаза на геомеханичките испитувања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница