еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина Алајдин Демири

На 65-годишна возраст, почина универзитетскиот професор и поранешен градоначалник и дипломат Алајдин Демири.

Toj е роден на 19 декември 1954 година во Тетово.

Студирал социологија во Сараево од 1973 до 1977 година. Работел како новинар во редакцијата на албански јазик на Македонската радио телевизија, бил професор во средно училиште како и вработен во градската библиотека.

Поранешниот градоначалник на Тетово беше осуден на две години затвор во 1998 година заедно со гостиварскиот градоначалник поради истакнување на знамето на Албанија пред општинската зграда. Беше ослободен со амнестија.

Подоцна беше амбасадор на Македонија во Швајцарија. Од 2001 година работел на Универзитетот на Југоисточна Европа каде како директор на библиотеката „Макс Ван дер Штул“ се пензионираше во 2019 година, додека од 1995 година се вклучува во полтиика, во Партијата за демократски просперитет.

Подоцна, во 1997-ма, како кандидат на Демократската партија на Албанците станува градоначалник на Тетово.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И покрај реакцијата на јавноста за изјавата на Филипче сепак: По имунизациски календар МРП се прима на 13 месеци

Редакција

Од Ковид-19 почина здравствена работничка од Битола

Редакција

Доктор Даниловски: Сите вакцини штитат од индискиот сој на коронавирусот, но можно е и некој вакциниран да се зарази со таа мутација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница