еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина еден од најпознатите македонски композитори, Кире Костов

Од Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) информираа дека по подолго боледување, на 73. годишна возраст, вчера во Скопје почина композиторот и диригент Кире Костов.

Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола.

Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до 2010 и негов диригент.

Како трубач досега има снимено музика од областа на џезот, популарната музика, класичната музика и друго.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот од кои би ги издвоиле: „Акварел“, “Бела ноќ“, “Македоска суита 1 и 2“, “Нени“, “Травелинг“, “Догледање“, “Алегорија“, “Лепе ти је Беле Вирје“, “Си заљубив едно моме“ и др.

Од областа на популарната музика има околу тристотини наслови како што се “Летај галебе“, “Кога те нема“, “Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“, “Само сеќавање“, “Не биди слеп“, “Манастирски сон“, “Моја Битола“, “Охридски спомени“, “Бела птица“, “Кој да ти каже“, “Тонови тајни“, “Ти пеам песна“, “Рум, дум, дум“, “Љубовна религија“, “Што те нема“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До, кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година.

Добитник е на бројни награди и признанија.

Фото: СОКОМ/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летово на светско ниво беше најжешкото досега

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.276 болни од Ковид-19

Редакција

Ако „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договореното, ќе ја активираме банкарската гаранција, вели Ковачевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница