еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина еминентниот професор во пензија и музичар Ѓорѓи Стефановски

Вчера, по кусо боледување, на 79-годишна возраст почина Ѓорѓи Стефановски, еминентен професор во пензија на Факултетот за музичка уметност во Скопје и поранешен тромбонист во Македонската филхармонија.

„Ѓорѓи (Јорго) Стефановски е роден во Битола во 1940 година. Музичка академија завршува во Љубљана каде живее и работи осум години. По враќањето во Македонија е долгогодишен тромбонист во Македонската филхармонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Бил член на познатиот квартет „Рибарски”.

Стефановски важи за исклучителен педагог кој вложил во музичкото образование на многу генерации музичари-тромбонисти, кои и денес се столбот на сите професионални ансамбли во Македонија. Несебично помогнал во развивањето и негувањето на музичката култура во земјава  и ужива висока почит кај студентите, колегите и пријателите во земјата и странство.

Погребот на проф. Стефановски ќе се одржи на Градските гробишта Бутел, денес во 14:30 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела во 13:30 часот“, информираат од семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре постудено, со дожд и ветер, а на повисоките места и со снег

Редакција

Вакцинацијата против сезонски грип почнува од 22 ноември

Редакција

Вештачењето покажало дека младиот Саздовски починал од силен удар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница