еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Фото) Почина македонската фудбалска легенда Благој Истатов

Денеска во 71-та година од животот почина Благоја Истатов, еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, пренесува Струмицанет.

Струмичкиот и македонскиот фудбал загубија големо фудбалско име. Еден голем човек, кој во својата голманска кариера настапувал за екипите на Беласица од Струмица, Победа од Прилеп, но и белградски Партизан, и холандски Утрехт.

Освен фудбалската, Истатов имаше и тренерска кариера, и тоа во повеќе клубови во Македонија. А во еден период беше и тренер на голманите во македонскиот национален тим.

Добар дел од својот живот Благој Истатов го помина во Дојран, каде пред неколку години ја основа фудбалската школа „Истатов”, која е под патронат на клубот кој го задолжи за векови – Партизан од Белград.

Фото: Фејсбук/Стара Струмица/Иван Станоев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аудио „бомби“ го тресат Балканот: Оркестриран удар против ДУИ и Еди Рама?

Редакција

Слави Трифонов остана без уште еден пратеник

Редакција

Која е министерката Костадиновска Стојчевска, која ги „насочи“ уметниците како да творат за да немало говор на омраза кон Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница