еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почина градоначалник на Дебар, Ружди Љата

По кусо и тешко боледување денеска на 65 годшна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

Љата е роден 1953 годна во Дебар, средно образование завршил на медресето „Алаудин“ во Приштина, дипломрал на Филолошкиот факултет во Приштина на отсектот ориентални јазици каде стекнал и титула магистер.

Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница и бил професор на Унверзитетот во Приштина на Катедрата за ориентални јазици. Бил професор и на Исламскот факултет во Скопје и Тетово.

Пред да биде избран за градоначалник на Дебар, во 2013 годна, Љата беше прв човек на дебарското муфтство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

Во 2017 година граѓаните му ја дадоа довербата вторпат.

Како што информираа од неговиот Кабинет, се уште не се знае кога ќе биде погребот.

МИА/Фото: Фејсбук/Љата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојкотот го преполови прометот во маркетите, се намалил за 47% информираат од УЈП

Редакција

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 24.000

Редакција

Веста за пожарот во ковид-болницата во Тетово го обиколи светот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница