еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почина легендарниот актер Ванчо Петрушевски

Еден од најафирмираните македонски актери Ванчо Петрушевски почина на 67- годишна возраст. Според неофицијалните информации, Петрушевски загинал од струен удар во Орешани.

Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.

Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Познат е по своите улоги во Македонски народни приказни. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Фото: teatarce.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Емилија бара спас од сопругот: „Kрши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши“

Редакција

Општина Струга бара пролонгирање на почетокот на учебната година

Редакција

И детската болница во Козле ќе прима Ковид-19 позитивни пациенти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница