еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина Натка Пенушлиска-Митровска, примабалерина, доајен на македонскиот балет

НУ Национална опера и балет со длабока тага и жалење ја прими веста за заминувањето на Натка Пенушлиска-Митровска, примабалерина, информираат од таму.

Натка Пенушлиска Митровска е родена во Скопје на 24.4.1934 година. Балетското образование го стекнала во Средното балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, а потоа кај познатите педагози Љ. Јегорова и О. Преображенскаја во Париз (1953-1954).

Модерен балет учи кај Х. Крајцберг во Цирих и А. Роје во Каштел Камбеловец. Член е на Балетот при МНТ во Скопје (1949-1972).

Исклучително надарена, Пенушлиска ја започнува балетската кариера на 14-годишна возраст, играјќи ја главната улога на Марија во „Бахчисарајска фонтана“ (Б. Асафјев), првиот целовечерен балет поставен на сцената на МНТ. Ги игра сите главни улоги од програмата на балетскиот ансамбл.

Примабалерина со извонредно чиста и прецизна класична техника, виртуозност и експресивна емотивност при креирањето на улогите. Пенушлиска е синоним за балетската уметност во Македонија. На Југословенското балетско биенале во Љубљана (1960) е прогласена за најдобра класична балерина. Управува со Балетот при МНТ (1967-1968).

Улоги: Марија (Б. Асафјев, „Бахчисарајска фонтана“), Сванилда (Л. Делиб, „Копелија“), Аурора (П. И. Чајковски, „Заспаната убавица“), Ела (Ф. Лотка, „Ѓавол на село“), Одилија (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“), Жизел (А. Адам, „Жизел“), Јулија (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“) и многу други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сакаме да спасиме животи, така ќе живее и мојата сестра, порача братот на девојката-донатор на која и се поклонува Македонија

Редакција

(Фото) Пендаровски на богослужба за Велигден со семејството во Галичник

Редакција

(Фото) Османи се вакцинираше со трета доза на вакцина против Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница