еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина поранешниот министер и пратеник Илија Филиповски

Почина Илија Филиповски, поранешен пратеник и министер за економија во Владата на Бранко Црвенковски.

„Со жалење соопштуваме дека денес почина Илија Филиповски, роден 1941 година во Галичник.

Илија Филиповски во два наврати беше потпретседател на Извршниот совет на СРМ, министер за економија во Владата на РМ, два пати избран пратеник во Собранието на РМ, приватен стопанственик и претседател на Месната заедница Галичник, функција со која најмногу се гордееше.

Неговиот придонес за Галичник е голем и претставува наш долг, но и завет за продолжување на неговото дело и зачувување на неговиот лик како почитувана и ценета личност.

Погребот ќе се одржи утре во 12 часот на Градските гробишта Бутел. Вечна му слава“, соопштија од месната заедница Галичник на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/МЗ Галичник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам – празник за духовно и за телесно прочистување

Редакција

Шестмина повредени во пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Редакција

Доктор Солески за СП: Нуспојавите од вакцината „Синовак“ се многу минимални

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница