еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Почина Субрата Рој, хотелскиот комплекс во Охрид никогаш не се изгради

Вчера на 75-годишна возраст почина индискиот бизнисмен Субрата Рој, добро познат и на македонската јавност.

Тој во времето кога премиер беше Никола Груевски, во земјава беше преставен како голем инвеститор, но инвестиции на неговата компанија „Сахара груп“ никогаш не се реализираа.

Тој најави изградба на футуристички хотелски комплекс на плажата Љубаништа во Охрид и развој на сточарската индустрија во Џумајлија во Свети Николе, а беше и во посета на Охрид.

Од “Сахара Индија Паривар групацијата“ информираа дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и дијабет.

Фото: Сахара Индија Паривар групација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами останува на лидер на БЕСА, Хоџа избран за заменик

Редакција

Филип Морис Интернешнл и Тутунски Комбинат Прилеп – десет години успешна соработка во Македонија

Редакција

Просечната нето-плата во март 40.496 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница