еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина уште едно лице: 15 жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци

Маж кој што со тешки повреди беше задржан на лекување на КАРИЛ, починал утрово. Тој е 15 жртва на сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово.

„На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот, почина уште еден од патниците кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа.

Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш бил пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен на КАРИЛ.

Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови. За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Во ГОБ „8 Септември“ двајца пациенти се уште се во критична состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи

(Видео) Сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата за „Телевизија 24“ вели: Веројатно станува збор за здравствен проблем на возачот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непознатиот хепатитис кој ги напаѓа децата регистриран и во Грција

Редакција

Брисел ја поздрави одлуката на Собранието за заклучоците за францускиот предлог

Редакција

Штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Имавме изборна кампања со низа прекршувања, а генерално мирен изборен ден

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница