еМагазин
Image default
Локално

Почина жена по пад од балкон во Тетово

Жена на 81 година го загубила животот по пад од балкон од зграда во Тетово, соопшти денес СВР Тетово. Немилиот настан се случил вчера околу 11 часот на улицата „Благоја Тоска“.

„Во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“, во стан сопственост на М.Г.(85) од Тетово, неговата сопруга М.Г.(81), која имала нарушено здравје, додека била сама во станот, излегла на балконот, што се наоѓа на првиот спрат од станбена зграда и паднала од балкон. М.Г. била префрлена во Клинички центар Тетово, каде од здобиените повреди починала“, инфомираа од тетовската полиција.

Увид на лице место извршиле екипи од СВР Тетово и Министерството за внатрешни работи од Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден загинат и десетмина повредени во сообраќајка кај Струмица

Редакција

Трагедија: Малолетник загина откако со мотор излетал од патот

Редакција

Украдено, па најдено, возило на Итната помош во Општата болница во Кочани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница