еМагазин
Македонија

Починаа 3 лица во штипскиот Ковид центар, 39 се борат за здив

Во штипскиот Ковид центар за едно деноноќие битката ја изгубија тројца пациенти од кои двајца од Штип на возраст од 51 и 63 и 68 годишен жител на Радовиш.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека во овој центар се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 50 на Инфективното и еден пациент на Анестезиологија, каде што се лекуваат тешките пациенти.

Неколку денови голема е и бројката на пациенти, кои се на кислородна поддршка. Триесет и девет пациенти се борат за здив и се на кислородна поддршка.

Според статистиката на МВР, за периодот за едно деноноќие на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 52 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 109 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1.075 лица со вакви решенија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири лица биле на возраст од 20-39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19

За една недела 73 деца до 9 години заболени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Корона вирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, битно е растот да се контролира

Редакција

32,4% од заразените со корона вирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Oколу 1.000 лица дневно ќе може да се фотографираат за документи во новоотворениот пункт во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница