Министерство за здравство информира дека починале уште тројца пациенти заболени од корона вирусот.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на починати изнесува 104.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Регистрирани уште осум оздравени пациенти, вкупната бројка достигна 1.301
Потврдени 25 нови случаи на заболени со корона вирусот, најмногу во Скопје