еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование

Министерството за образование и наука информира дека вчера почнала испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование и дека ќе се заокружи во следните две недели.

– Станува збор за 52 учебника изработени согласно нови наставни програми и напишани на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик.

Тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје. Веднаш по овој приоритет, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование, соопшти Министерство за образование и наука.

Од почетокот на 2022/2023 година учениците од прво, второ, четврто и петто одделение користат материјали за учење во кои се разработени содржини за првото тримесечје од учебната година.

Фото: МОН/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се ограничуваат трошоците на државните функционери за угостителски услуги

Редакција

Убава вест: 421 оздравени од Ковид-19

Редакција

Казнети 431 лице поради неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница