еМагазин
Image default
Македонија

Почна второто полугодие, учениците назад во клупите

Околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња денеска се враќаат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година.

Додека траеше тринеделниот распуст, можноста за негово пролонгирање се очекуваше од опасноста од заразата од морбили, но не малите сипаници, туку загадениот воздух им донесе дополнителни два дена одмор на основците и средношколците.

Владата и МОН во неделата попладне донесоа итна мерка за уште два дена распуст, а вчера соопштија дека мерката престанува, бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање.

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов вчера изјави дека до понеделник МОН ќе донесе одлука дали двата дена ќе се одработуваат и до понеделник ќе ги извести сите општини и училишта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 920 пациенти болни и сомнителни на Ковид-19

Редакција

23 пациенти биле на возраст од 30-49 години: За една недела во Македонија 204 починати од Ковид-19

Редакција

Најчевска за францускиот предлог: Ова не е негирање на идентитетот на Македонците, туку едностран акт на асимилација и окупација на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница