еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Почнуваат преговорите со Грција за трговските ознаки: Македонски ќе бидат и нашите и грчките вина

Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња меѓу нашата земја и Грција денеска во Солун го одржува првиот состанок на кој присуствуваат и бизнисмени од двете земји.

Разговорите на македонско-грчката комисија за трговски марки се водат во рамки на Договорот од Преспа и на паритетна основа, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Во Договорот од Преспа е јасно утврдена рамката во која преговараат двете комисии за трговските марки. Тоа што е исклучително важно е дека се работи на паритетна основа и во духот на добрососедство и пријателство.

Што значи се усогласуваме на пријателски и добрососедски начин и тоа на паритетна основа, тоа значи дека догоовреното ќе важи и за едната и за другата страна. Работата на оваа комисија ќе потрае, нема да биде веднаш завршена, ќе има повеќе сесии, меѓутоа секогаш кога ќе има значителен исчекор ќе ја информираме јавноста во детали што е договорено и како“, вели Бошњаковски на новинарско прашање каква е нашата позиција во оваа комисија која заседава денеска во Солун.

Конкретно во случајот за виното, тој потсети дека е веќе договорено дека кога ќе се каже македонско вино тоа ќе се однесува за сите вина произведени во регионот Македонија, односно географското подрачје на Македонија кое опфаќа повеќе земји.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инвестиција од 100 милиони евра: Турската Шахтерм почна да гради фабрика во ТИРЗ Скопје

Редакција

МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија

Редакција

Даравелски барал помилување од Бранко Црвенковски, објави Телма

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница