еМагазин
Image default
Локално

Почнува „Градски летен парк“: Филхармонија вечерва ќе свири музика од култните цртани филмови од Источниот блок

Вечерва во 21 часот во Градскиот парк, со култните цртани филмови од земјите од Источниот блок коишто го обележаа детството на генерациите од 70-те и 80-те години од минатиот век. „Балтазар“, „Ну Погоди“, „Как Казаки“, „Козле Бозле“, „Густав“, „Балтазар“, „Мечето Ушко“ и многу други ќе стартува првиот концерт „Филхармонија на отворено“, што се реализира во соработка со МКЦ и со Градот Скопје.

На концертот, посетителите на „Градски летен парк“ ќе слушнат уникатна изведба на симфонискиот оркестар и на хорот, проследени со специјална видеопроекција на огромни платна и светлосен дизајн, сето тоа во знакот на старите добри и култни цртани филмови.

Аранжманите за музичките теми ги направи Владимир Николов, а оркестарот ќе настапи под диригентската палка на Џијан Емин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за млада кратовчанка осомничена за дилање марихуана

Редакција

Јавен повик за пријавување штети од земјотресот во Ресен

Редакција

(ВИДЕО) Алармантно: Безмилосно се изловува охридската пастрмка во време на мрест и строга забрана за риболов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница