еМагазин
Бизнис

Почнува постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Владата ја почнува постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Одлуката е донесена на вчерашната владина седница, а надлежните министерства се задолжени да номинираат членови во Комисијата за спроведување на постапката.

Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за економија треба да предложат по еден член и заменик-член во Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, а во рок од три дена по еден член и негов заменик треба да номминираат и Регулаторната комисија за енергетика и МАНУ.

Комисијата е должна во рок од 14 дена до Владата да го достави јавниот повик и тендерската документација.

– Заради остварувањето на правото на сите домаќинства и мали потрошувачи да се снабдуваат со електрична енергија со утврден квалитет по разумни, јасно споредливи, транспарентни и недискриминаторни цени, Владата на Република Македонија избира универзален снабдувач кој истовремено ќе ја врши и дејноста снабдување во краен случај. Целта на оваа постапка е остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија, односно да бидат снабдувани од универзалниот снабдувач во согласност со обврските утврдени со Законот за енергетика и правилата за снабдување, појаснуваат од Владата.

Универзалниот снабдувач ќе биде задолжен да ги снабдува по гарантирана цена потрошувачите што нема да излезат на слободниот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков е бизнис-планот на Алкалоид за 2023 година

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во септември?

Редакција

МВР склучи договор со HMF Smart Solutions GmbH вреден 575,6 илјади евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница