еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почнува судењето за нападот врз Пендиков

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште против напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица.

Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.

Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство предложи одземање на пасошот за вториот напаѓач на Пендиков

Охридската полиција го приведе вториот од напаѓачите на Пендиков

Напаѓачот на Пендиков излезе од притвор, остана без пасошот

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Во односот со Бугарија акцентот најпрво ќе се стави каде што има најмалку разлики

Редакција

Пантелеон ГС понуди 330 милиони денари за зградата на Еуростандард банка, очекува одобрување од доверителите

Редакција

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница