еМагазин
Image default
Македонија

Почнува уписот на УКИМ, слободни 10.710 места

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната  2019/2020 година.

Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10.710 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има  5.402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4.273 и за вонредни студенти слободни се 1035 места.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содражни во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а  третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, учебната година за студентите почнува на 1 октомври.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „Монструм“: Петте жртви кај Смилковско езеро се убиени во брз временски период

Редакција

Проширувањето на ЕУ станува безбедносно прашање, вели Османи, кој се надева на датум за преговори до јуни

Редакција

До 250 лекари годишно си заминуваат од државата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница