еМагазин
Image default
Забава

Почнува „Ѕвезда број 1“ – ново музичко талент шоу, ќе се емитува на „1ТВ“

Конечно после долго време, музичките таленти од нашата земја ќе имаат можност да се престават и да го покажат својот талент пред наша публика, на голема сцена.

Имено, продуцентот Бане Поповиќ и пејачката Елена Петреска, како преставник на тимот на „Мел Фест“, се споија со заедничка цел, ново музичко талент шоу „Ѕвезда број 1“, кое освен што ќе биде одлична поддршка за сите идни музички таленти, ќе значи и раздвижување на целата наша музичка сцена, но и вистински македонски производ во вистинско време.

„Македонијо, дојде време да пееме! Караванот веќе тргна. Ако сте талентирани и имате желба да застанете на голема сцена, ова е шанса да го покажете својот талент и да станете „Ѕвезда број 1“. Аудициите веќе започнаа од минатиот викенд во Гевгелија, Струмица, Кавадарци и Штип. Кандидатите ќе пеат по една македонска и една странска песна, а ние ќе бидеме во тек со се што ќе се случува“, соопштија организаторите.

Сите информации за аудициите можете да ги најдете на ФБ страната: „Ѕвезда број 1 Талент шоу“ , додека пак целото шоу ќе биде емитувано на националната „1Тв“, каде што секој ден од понеделник до петок ќе има 30-минутни емисии во чии рамки ќе бидат претставени кандидатите од сите градови.

Потоа ќе следат и емисиите на големата сцена во кои ќе се натреваруваат кандидатите што ќе ја поминат првата селекција.

Голема емисија ќе се емитува секоја седмица во времетраење од два часа, а во однос на наградите за најдобрите, предвидено е десет финалисти во шоуто да добијат снимање на песна и видео за истата, а за победникот договор и снимање албум, но листата на награди се уште не е комплетирана и следуваат многу изненадувања за финалистите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По една година откако почина објавена причината за смртта на Шинед О’Конор

Редакција

Богата програма на Скопско лето и оваа недела

Редакција

Глумците пеат на 8. април

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница