еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Под притисок на јавноста Владата ги повлекува предлог-измените за ограничување на протестите

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири, има простор за разговори и подобрувања согласно Уставот, информираат од таму.

„Владата ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација. Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот“, се вели во соопштението до јавноста.

Во новите предлог измени, Владата се обиде да го спречи правото на протести со зголемен број на присутни од 20 на 50 и ограничување на времето на протести, но и на местата каде може да се организира протест.

Ова наиде на остра реакција од страна на граѓаните на социјалните мрежи по што Владата попушти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што предвидува законот со кој се отежнува организирањето на протести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7.981: Од Ковид-19 починаа шест лица

Редакција

Убава вест: 819 оздравени од Ковид-19, најмногу во Скопје 256

Редакција

Заев: Со Бугарија разговараме на секторско ниво, не можам да ги разберам протестите на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница