еМагазин
Image default
Свет

Под сомнение за присуство на коронавирусот, Германија одбила влез на 196.000 лица

Под сомнение за присуство на коронавирусот германската полиција на граничните премини одбила да им дозволи влез во земјата на 196.000 лица, објави вчера „Билд ам Сонтаг“, пред денешното укинување на здравствените контроли на патниците на границата.

Бројот на одбиени влегувања се однесува на периодот до 11 јуни, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер за „Билд ам Сонтаг“.

Тој кажа дека граничните контроли се спроведуваат од 16 март, кога тие беа привремено воведени, а досега ги извршиле 6.000 полицајци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега 122 полицајци биле заразени.

Германија денеска треба да ги укине граничните контроли наметнати поради пандемијата на Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

Редакција

„Тепачка“ за вакцина за коронавирусот: Трамп нудел милијарда долари?

Редакција

Украина имаше три години да преговара за мир, Зеленски има рејтинг од 4%, вели Трамп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница