еМагазин
Image default
Бизнис

Податоците од Кредитниот регистар ќе се издаваат без надоместок

Се укина надоместокот за издавање податоци на физички лица од Кредитниот регистар за нивната задолженост кон банките и штедилниците, предвиден со Одлука на Советот на Народната банка, која стапи во сила.

Сите граѓани, како што наведуваат од таму во соопштение, кои ќе имаат потреба, извештајот со податоци од Кредитниот регистар ќе го добиваат бесплатно.

Извештајот што го издава Народната банка на барање на физичко лице, содржи податоци за износот на обврските и институциите што ги имаат пријавено на последниот датум на доставување податоци од страна на банките и штедилниците, како и за категоријата на ризик на кредитната изложеност, според навременоста во подмирувањето на обврските и кредитоспособноста.

Покрај ова, извештајот содржи и збирен податок за обврските на барателот како жирант.

Барањата за издавање податоци од Кредитниот регистар се поднесуваат лично од барателот или од полномошник, преку писарницата на Народната банка, секој работен ден, во периодот од 8:30 до 15:45 часот.

Заради состојбата со пандемијата на Ковид-19, во овој период, податоците од Кредитниот регистар се издаваат во вторник и четврток, во периодот од 15 до 16 часот, преку писарницата на Народната банка.

Во случаите кога барателот не е жител на Скопје, доколку барањето е поднесено до 11 часот, извештајот со податоците се изработува и се издава во текот на истиот работен ден.

Активно се работи за да се овозможи доставувањето на барањето и издавањето податоци од Кредитниот регистар понатаму да се одвиваат електронски.

Со укинувањето на надоместокот за издавање податоци од Кредитниот регистар, Народната банка настојува во овој период и дополнително да придонесе за намалување на финансискиот товар на граѓаните, во согласност со своите надлежности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Koja e „Орбита ИНВ„, новиот сопственик на Топланата “Скопје Север“

Редакција

(Видео) Мукаетов дел од регионалниот Форум на менаџери: Нѐ очекува исклучително тежок период, кризата неминовно ќе се одрази врз работењето на компаниите

Редакција

Ако продолжи војната во Украина растот ќе биде уште помал: Светска банка за годинава ни предвидува раст на економијата од само 2,7%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница