еМагазин
Image default
Локално

Поднесено обвинение за венецуелскиот државјанин фатен со дрога на скопскиот аеродром

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст. 1 од Кривичниот законик.

„Станува збор за државјанин на Венецуела, со потекло од Египет, кој допатува во Македонија на 05.12.2018 година со лет на релација Цирих-Скопје. Царинските службеници на скопскиот аеродром, при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на ова лице, пронашле и одзеле наркотична дрога – кокаин во зипер вреќичка со нето маса од 332,6 грама скриена во рачките од куферот. Во исто време биле пронајдени и шест најлонски вреќички со вкупна нето маса од над 1,5 килограми кои биле сошиени во долната облека.

Ценејќи дека и натаму постојат причините заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерката притвор, јавниот обвинител заедно со обвинителниот акт достави и Предлог за продолжување на мерката притвор“, се вели во соопштението на Јавно обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца го тепале во кафана во Скопје

Редакција

Еден починат и петорица повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Редакција

Тетовец со воздушна пушка повреди дете: Пукал бидејќи го нервирала вревата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница