еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,041 денари за килограм, а цените на останатите горива остануваа исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ).

Со одлуката  се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 51,784 денари за килограм.

Еуросупер БС 95 и понатаму ќе се продава за 84 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 86, Еуродизел БС (Д-Е V) за 85,5, а  Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.

Како причина за новите малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,19  отсто, намалените кај дизелот за 1,242 и кај мазутот за 2,305 отсто, како и за 0,088 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клучни наоди од Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2020 година

Редакција

Седуммесечно бебе починало на Клиниката за детски болести

Редакција

За една недела инспекторите извршиле 5.228 контроли и надзори, затворени се шест угостителски објекти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница