еМагазин
Image default
Локално

Поевтинува паркингот во Штип

Цената за паркирање во Штип се намалува од наредниот месец, најави вршителот на должност директорот на штипското Јавно претпријатие „Стипион“, Игор Ефтимов.

Појаснува дека од 1 јануари поевтини ќе бидат месечните и годишни билети.

-Од 1 јануари месечните и годишните талони за вработени, дистрибуитери и општиот талон ќе бидат намалени. Тоа значи дека сите оние вработени, кои плаќале 4.000 денари за годишен и 400 денари за месечен паркинг, по намалувањето ќе плаќаат по 2.000 денари на годишно или 200 денари месечно, вели Ефтимов.

Додека дистрибуитерите на стока, од 1 јануари ќе плаќаат по 3.000 денари годишно или 300 денари месечно за паркинг простор.

-Општиот талон, кој важи за паркирање на сите места од 6.000 ќе биде намален на 5.000 денари за една година и 500 денари за еден месец, вели Ефтимов.

Посочи дека направена е анализа за намалување на цената на паркинг просторот и смета дека сега овие цени ќе бидат поприфатливи за граѓаните. Во Штип има над 700 паркинг места, за кои граѓаните во централното градско подрајче мора да платат за да си ги паркираат возилата.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снимена кражба во манастир во Кривогаштани, објавена и фотографија од крадецот

Редакција

Кривична пријава за охриѓанец кој изнајмил три возила кои никогаш не ги вратил

Редакција

Приведен дилер од Кочани, пронајдена марихуана

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница