еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат дизелот, мазутот и бензинот „Еуросупер 98“, цената на „Еуросупер 95“ останува иста

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 ќе се намали за 0,50 денари и ќе изнесува 107,50 денари за литар. Поевтинува и дизелот за еден денар па литар ќе чини 100 денари, додека цената на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува, односно останува 105,50 денари за литар.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), се намалува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 1,50 денари и ќе изнесува 98 денари за литар, а поевтинува и мазутот за 0,661 денар кој ќе чини 50,903 денари за килограм.

-РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто во однос на одлуката од 7.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,601 процент, кај дизелот за 2,615, кај екстра лесното масло за 2,965 и кај мазутот за 2,754 отсто, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 116 вонредни надзори на угостителски објекти, кај 90 утврдени одредени неправилности

Редакција

Македонците во Бугарија правата да си ги бараат во Стразбур, вметнувањето на Бугарите во Уставот не е мешање во внатрешните работи, вели Заев

Редакција

Македонија 93. според индексот на корупција на Транспаренси интернешнал: Во регионов подобра само од Албанија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница