еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поголема количина прехранбени артикли со изминат рок на траење пронајдена при контрола во камион и магацин

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А.Б.(43) од скопското село Арачиново затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

Како што соопшти денеска МВР, подоцна била извршена контрола и во магацин на улицата „Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од кумановското село Романовце, од каде ја зел стоката. Сопственикот признал дека стоката е негова.

Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.

– Пронајдената стока од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ, стои во соопштението.

Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставнички пленум: Голем дел од наставниците се незадоволни од одлуката за кратење на платите

Редакција

(ВИДЕО) Затвореници во штипскиот затвор се затвориле во просторија бидејќи им биле одземени мобилни телефони

Редакција

Пациент од Пробиштип избегал од штипската модуларната болница, по еден час пронајден мртов во околната уличка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница