еМагазин
Македонија

Покрај градоначалникот Георгиевски, уште еден вработен во Општина Гази Баба е позитивен на корона вирусот

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, поради хронична болка во пределот на бубрезите на ден понеделник 08 јуни, а по извршен медицински преглед и пропишана лекарска терапија, останува на домашно лекување и работните обврски ги извршува од дома, како и преку онлајн платформите за комуникација, информираат од Општина Гази Баба.

„Во текот на вчерашниот ден, поради пројавени болки во пределот на градите, Георгиевски е упатен на дополнителни лекарски прегледи, по што по препорака на пулмолог е испратен на дополнителни испитувања во Клиничкиот центар во Скопје, каде му е направен и тест за Ковид-19 чии резултати денес се позитивни.

Градоначалникот Борис Георгиевски во моментов е на Инфективната клиника во стабилна состојба, а неговото семејство е во домашна самоизолација, без никакви симптоми поврзани со коронавирусот,“ се вели во соопштението.

Исто така, во текот на вчерашниот ден е доставено известување од вработено лице во општината чиј тест за Ковид-19 е позитивен. Вработената во општина Гази Баба е во стабилна состојба, без симптоми и целосно ги следи препораките на лекарите и епидемиолозите.

„Ја информираме јавноста дека во текот на своето работење, градоначалникот Борис Георгиевски, како и останатите вработени во општина Гази Баба постојано ги следат и почитуваат препораките и мерките за заштита од Ковид-19.

Сепак, според протоколите за функционирање, општина Гази Баба веќе е во редовна комуникација со тим епидемиолози кои ја разгледуваат новонастанатата состојба и се преземаат нивните препораки и мерки за понатамошно постапување,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски позитивен на корона вирусот и се наоѓа на Инфективна клиника

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж преставувајќи се како вработен во АНБ на управител на фирма му изнудил пари, накит и автомобили

Редакција

Полицијата пронајде 1.000 монети со археолошка вредност кај поранешниот градоначалник на Кавадарци, тој вели ги собирал од дете

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за пратеници: Гордана Силјановска и Игор Дурловски меѓу носителите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница