еМагазин
Image default
Локално

Полицајци пукале во „порше“ кое се обидело да ги прегази, повредени две лица

На 25.09.2020 околу 06.00 часот на крстосница од пат с.Кравари – с.Оптичари, поради постоење основано сомнение дека се превезуваат мигранти, полициски службеници од Полициска станица Меџитлија се обиделе да сопрат патничко возило „порше“, со скопски регистарски ознаки, но возачот се обидел да ги прегази, по што полициските службеници од огнено оружје испукале неколку истрели, информира МВР.

Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш.С., кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.

Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајден човечки труп во Велес во поодмината фаза на распаѓање

Редакција

Битолчанец пронајден починат на улица

Редакција

Приведен угостител од Пробиштип, работел по дозволеното време

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница