еМагазин
Image default
Локално

Полицаец застрелал две лица во тетовско Вејце

На 11.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово биле донесени Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, тетовско, кои имале повреди од пиштол, информира МВР.

Двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, сопственост на Ф.Х.(42), при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв.

Во 23.40 часот во Полициската станица Тетово дошол Н.Х.(25) од село Вејце, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил А.Х. и Ф.В.. Н.Х. е задржан во полициска станица и за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кратовчанка во казино разменувала фалсификувани банкноти од 500 евра

Редакција

Несекојдневен обид за убиство во Скопје: Го намамил на состанок со девојка преку социјалните мрежи и го изрешетал

Редакција

Русин „мортус“ пијан возел шлепер на патот Прилеп-Кавадарци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница