еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицаец загина на службена должност

Во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случи кај Гостивар, загина еден полицаец, а друг се бори за живот.

Од МВР соопштија дека околу 19 часот на патот Тетово – Гостивар двајцата полицајци од станицата во Гостивар со иницијали П.Ѓ и Ф.Ш., додека вршеле увид на сообраќајна несреќа, што претходно се случиле меѓу две возила, во нив удрило патничко возило Форд фокус.

Ф.Ш е пренесен во болница во Гостивар, а П.Ѓ починал.

Од слобода е лишен  Р.Ш., кој има 31 година и е од кичевско село Грашница. Тој го управувал возилото кое усмрти еден полицаец и уште еден со повреди е пренесен во болница

Ова е втор случај во кој полицаец загинува на сличен начин во сообраќајна несреќа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот не му го врати пасошот на Мијалков

Редакција

(Видео) Почна кампањата за референдумот: Заев го поврза со гласањето за независноста на 8 септември 1991 година

Редакција

Борците од НОБ навредени од Заев и од омаловажувањето на нивната борба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница