еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Нападнат Салман Ружди: Британскиот писател е на респиратор, црниот дроб му е избоден и можно е да го изгуби едното око

Британскиот писател Салман Ружди, кој беше избоден неколку пати во вратот и стомакот од напаѓач на сцената за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, е опериран и сега е на респиратор, објави неговиот агент Ендрју Вајли.

Тој изјави дека Ружди не може да зборува и дека може да изгуби едно око.

„Салман веројатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се прекинати, а црниот дроб му е избоден и оштетен“, рече Вајли.

Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател, кој вчера беше нападнат додека се подготвувал да одржи предавање во западниот дел на Њујорк.

Матар, 24-годишен маж од Фервју, Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, соопшти полицијата. Новинар на АП видел човек како упаднал на сцената во Институтот Чаутаука и почнал да го удира и прободува Ружди додека го претставувале на почетокот на предавањето.

Водителот кој беше со него на сцената, Хенри Рис, се здобил со полесна повреда на главата и е пренесен во локалната болница. Напаѓачот бил совладан од присутните, по што го привела полицијата.

МИА/Фото: Фејсбук/Ружди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЕФА го раскина договорот со „Газпром“

Редакција

Арсовска поднесе иницијатива до Советот на Град Скопје за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“

Редакција

Депонијата „Дрисла“ доби нов концесионер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница