Во текот на денот полицијата врши проверка во фирма сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, дознава „Телма“.
Од полицијата и од МВР не даваат детали ниту официјални информации.
Според сознанијата на „Телма“, се вршат проверки во базата за бетон, која е сопственост на Усеини, а се наоѓа во близина на болницата Свети Еразмо. Овие проверки биле дел од претходно отворена постапка за фирмата.
Акцијата ја воделе инспектори за економски криминал од СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Охридски комуналец“ ги поништи трите договори со фирмата на советникот на ДУИ, Усеини
Фото: Фејсбук/Усеини