еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Половина метар снег во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка

Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка, -11, во Маврово – 6, во Крушево – 5, во Берово – 3, Дебар -2, а  максимални четири степени се измерени во Гевгелија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Маврови Анови наврна најмногу снег – 52 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 38, Пожаране – 32, во Крушево 30 сантиметри.

Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 23 литри на метар квадратен, потоа во Крушево 20, Демир Капија 16, Струмица и Дебар 13, Скопје – Петровец 12, Тетово и Битола 11, а најмалку во Виница три литри.

Во текот на ноќта беше облачно со повремени врнежи претежно од снег. Утрово врнежите се слаби и локални, претежно во источните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Зачекори со новите LISCA хулахопки: Низ pop-up dance сензација, LISCA ја откри новата колекција на хулахопки

Редакција

УХМР најавува снежна покривка во поголемиот дел од државата

Редакција

За девет месеци, од Ковид-19 починале 179 од 712.587 целосно вакцинирани, а 3.642 од 1.106.574 невакцинирани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница