еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Полска не и дозволи на Украина да се вклучи во истрагата за падот на ракета врз селото Пржеводов

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда го отфрли барањето на Украина итно да се вклучи во истрагата за експлозијата и падот на ракета при што загинаа две лица во полското село Пржеводов во близина на границата со Украина.

– Досегашната полска и американска истрага укажува дека станува збор за пад на украинска ракета за противвоздушна одбрана. Американскиот претседател Џо Бајден предложи истрагата да биде сојузничка и спроведена од полски и американски истражители.

– Ако некој сака да ги пуштиме во истрага, прво мора да се договорат за тоа американска и полска страна, изјави Дуда на прес-конференција по седницата на Советот за национална безбедност.

Претходно, пред средбата, претседателот Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки објавија дека со многу, многу голема веројатност, ракетата што паднала во близина на складиштето за жито во пограничното село Пржеводов била украинска ракета за воздушна одбрана истрелана за да пресретне руски ракети за време на масовно бомбардирање врз Украина и случајно слета во Полска.

– Нема ништо што укажува дека станува збор за намерен напад. Во вторникот, украинските воздушни одбранбени сили испукаа ракети во различни правци. Немаше класична експлозија, туку само пад на ракетата со експлозијата на гориво што следеше, истакна Дуда.

Претходно и Моравјецки истакна дека тоа е несреќен случај, а не руски ракетен напад врз Полска, како што изјави за инцидентот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинските власти побараа Полска веднаш да ги вклучи во истрагата и веднаш да испрати претставници на украинското Министерство за одбрана и граничарите на теренот каде што се случи експлозијата, а тврдат дека имаат докази дека има руска трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И полскиот претседател Дуда потврди дека експлозијата во Полска е предизвикана од украинската противвоздушна одбрана

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Милановиќ останува претседател на Хрватска

Редакција

Починаа три лица болни од Ковид-19, вкупната бројка до сега е 5.481

Редакција

154 се реинфекции: 1.117 нови случаи на Ковид-19 од 3.513 тестови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница