еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата  

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица, информираат од таму.

Во промотивниот период од 1 октомври до 15 ноември годинава, НЛБ Банка ги намали каматните стапки на 5,9% за сите плаќања со НЛБ Visa кредитните картичките, овозможувајќи им на клиентите да уживаат поголема удобност при користење на нивните картички во секојдневните купувања, велат од таму.

Намалените каматни стапки се однесуваат за сите безготовински трансакции направени во промотивниот период и ќе се применуваат за целиот период на отплата.

Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои на корисниците им овозможуваат финансиска флексибилност, комоција на одложено плаќање на обврските и самостојно управување на отплатата, со месечна отплата од минимум 5% од вкупните трошоци.

Повеќе детали за промотивната понуда на НЛБ Банка може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката: nlb.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо попусти, пример за хуманост: По повод Black Friday, компанијата дм дрогерие маркт донира 474.000 денари во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија

Редакција

(ВИДЕО) Татковци од Битола играа со ќерките како подарок за сопругите за 8.Март

Редакција

Сара Јо на виртуелно отворање на Guess во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница