еМагазин
Image default
Бизнис

Помалку работници во рударството, повеќе во преработувачката индустрија

Бројот на работниците во индустријата лани во декември во однос на истиот месец во 2021 година, е зголемен за еден процент. Во периодот јануари-декември минатата година, пак, во однос на истиот период од 2021 година, е намален за 0,9 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање од 4,3 проценти и од 0,4 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, апораст од 1,4 проценти во Преработувачка индустрија.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,7 проценти и Капитални производи за 11,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,5 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуро-инвест-ИНГ“ го доби тендерот на општина Боговиње за изградба на Дом на културата вреден 541.000 евра

Редакција

Утре започнува самитот Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата во ера на дигитализација и брзи промени

Редакција

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка: Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница